„Катар ервејс“ е горд што го носи доживувањето со пет ѕвезди во македонскиот главен град, којшто е толку богат со култура и со историја, изјави главниот комерцијален директор на „Катар ервејс“, Ехаб Амин, на прес – конференцијата на авиокомпанијата во Скопје..
Авикокомпанијата го реализира првиот лет од Доха за Скопје во текот на вчерашниот ден.
– Одушевен сум што сум тука да го прославиме почетокот на летовите на „Катар ервејс“ до Скопје, нашата порта до Источна Европа, преку нашиот центар, интернационалниот аеродром „Хамад“ во Доха – рече Амин.
Според него, новата рута до Скопје на луѓето од земјава ќе им обезбеди можност да се поврзат со повеќе од 150 дестинации што се дел од глобалната мрежа на авиокомпанијата преку нејзиниот центар во Доха, на меѓународниот аеродром „Хамад“.
„Катар ервејс“, ќе лета четири пати во неделата, а преку Доха ќе се овозможи и поврзување на многу бројни дестинации низ целиот свет.
„Катар ервејс“ ќе ги оперира четирите неделни лета до Скопје со наградуваниот воздухоплов „Ербас А320“ што вклучува 12 седишна во бизнис класата и 132 во економската.
Тимот на авиокомпанијата не ги откри цените на билетите но подвлече дека цените зависат од категориите на патници.
Министертот за транспорт и врски Горан Сугаревски рече дека воспоставувањето на линијата Доха – Скопје на авиокомпанијата „Катар ервејс е од огромно значање за двете земји бидејќи се отвораат бројни можности за значајно унапредување на соработката во секторот на економијата, туризмот, културата, инвестициите како и други области од заеднички интерес.
-Тоа се совпаѓа токму со намерите на новата реформска Влада за обезбедување на услови за привлекување на странски инвестиции во функција на развој на нашата земја. Дополнително, се отвораат бројни можности и за домашните компании за проширувње на сопствените бизниси и пласирање на производите на нови пазари -рече Сугарески.
Тој подвлече дека авиолинијата е од огромно значење и за македонските граѓани кои живеат во Катар и за оние кои работат во авиокомпанијата.
Во Катар моментално над илјада македонски државјани живеат и работат во Катар, а 100 млади се дел од авиокомпанијата.
Според министерот важно е и тоа што земјата е ставена на листата земји за кои важи олеснителен визен режим за влез во Катар. Имено граѓаните на Република Македонија, виза ќе можат да добијат при пристигнување на аеродормот во Доха.
Генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Алпер Ерсој изјави дека за Македонија е од големо значење што престижна авиокомпанија како „Катар ервјес“ влегува на пазарот.
-Доха ќе биде возбудлива можност за патување за македонските граѓани, како за бизнис, така и за туризам, но, исто така, ќе биде нова прилика за Македонците кои живеат во Австралија и во Нов Зеланд, да ја посетат својата татковина – рече Едрој.
Според него, присуството на „Катар ервејз“ во земјава треба да биде поттик и за другите компании