Мал совет кој открива голема тајна! Киселата рН средина одлична основа за развој на рак


pH нивото во внатрешните телесни течности влијае на секоја клетка од нашиот организам. Прекумерната коселост предизвикува оштетување на ткивата и ги прекинува клеточните активности и функции и претставува основа за развој на канцер.

Метаболизмот на клетките исто така зависи од рН вредноста на плазмата во крвта. Скалата на рН се чита многу едноставно. Ниските вредности на оваа скала значат кисела, а високите вредности значат алкална (базна) средина. Со процесот на хомеостаза „одржување на рамнотежа“, организмот одржува рН врдност во плазмата 7,4. Оваа вредност се менува во зависност од оброците, стрес, хормони и спиење, а здравиот и врамнотежен рН би требало да се движи помеѓу 7 и 7,5.

Крвната плазма е вонклеточна течност која се добива кога од некоагулирана – незгрутчена крв се издвојуваат крвните елементи. Таа има повеќекратна улога, служи како транспортно и одбрамбено средство, ја регулира рН вредноста, односно има улога во хемостазата и хомеостазата. Регулацијата на рН во крвта се остварува преку органски и неоргански состојки на плазмата. Постојат три фактори кои влијаат на киселоста на организмот.

1. Консумирање храна која го закиселува организмот (млечни произвоти, шеќер и рафинирани житарици)

2. Прекумерен физички напор

3. Емоционален и ментален стрес

Кога вредноста на рН се закиселува тогаш се создава домино ефект. Токсините кои не се соодветно исфрлени создаваат поволна средина за развој на патогени бактерии, вируси и габи. Исто така долготрајната иритација на клеточната мембрана од околните канцерогени состојки го запира внесот на потребниот кислород. Кога клетката е изложена на помалку кислород се создава млечна киселина и околината станува кисела. Ова создава одлична основа за развој и раст на канцерогените клетки.

Студија спроведена на Универзитетот во Бари, Италија, јасно покажува дека заедничко на сите тумори е тоа што се развиваат во кисела средина. Всушност растот на туморот се зголемува во кисела рН средина и хипоксија (мала концентрација на кислород).

Друга неодамнешна студија спроведена во Кина докажала дека клучен фактор во отпорноста на хемотерапијата има киселата средина на канцерогените клетки.

Трето истражување (линк) кое исто така многу ветува, било спроведено на Универзитетот во Аризона, во одделот за фармакологија, ја поддржува теоријата дека со алкализирање на организмот со обична сода ветува ефективен природен третман за рак на дојка. Нивното истражување покажало дека оралното внесување на Натриум Хидроген Карбонат односно сода ја зголемува рН вредноста на туморот и значајно го намалува ширењето на метастазирачки тумор на градата. Испитувањето било направено врз глувци.

Најсоодветен начин да го проверите вашето рН ниво е тоа да го направите наутро. Пред да ги измиете забите или да се напиете вода, плукнете на рН стапче кое ја мери вредноста и потоа прочитајте го резултатот. Исто така може да ја проверите рН и преку урината.

Идеалната рН кај плунката треба да биде над 7, а на урината од 6,4 до 6,8.

Со мерење на вашата рН вредност ја следите внатрешната динамика на вашето здравје на клеточно ниво. Со тоа што ќе бидете поактивни во превенцијата ќе ви се зголеми енергијата, ќе го подобрите здравјето и ќе го сочувате мирот.

Како доказ за кој Вернон Џонсон тврди дека стои позади него е следното видео во кое тој меша сода бикарбона со мед, наместо јаворов сируп како што може да се сретне во многу слични рецепти. Тој тврди дека со овој рецепт самиот се излечил со сода преку зголемување на неговото уринарно рН над 8, и овој рецепт сака да го сподели со другите со цел и тие да го видат бенефитот од него.

Вернон Џонсон успеал со овој рецепт за неверојатни пет дена своето рН уринарно ниво да го доведи над 8,5 и да го одржи така во наредните две недели, па кога отишол по две недели кај својот онколог било констатирано дека ракот во неговите коски бил комплетно исчистен.

 – Ракот успеа да ме убие. После две… три… четири… па и повеќе борби реков НЕ! Или на крајот на краиштата се надевав на НЕ! Започнав терапија со Цесиум но завршив со сода. Мојата цел беше да ја променам рН што е можно побрзо. Знаев многу малку, речиси ништо, за рН алкалност или киселост. Но за моја среќа открив, пишува Вернон.

 Вернон е жив и е добро. Тој е еден од преживеаните од рак а не потрошил стотици долари за да биде тоа што е. Тоа е добро и на сите кои имаат ваков проблем им го препорачува овој рецепт. За неговата подготовка тој снимил и сопствено видео. Проследете го внимателно!

 

Доколку сакате и самите да се уверите и дознаете многу повеќе сведоштва на овој човек тогаш посетете го неговиот сајт на следниот линк: http://phkillscancer.com/

Tags: , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1