Видео; Брејвик 2 дел – уапсено лице во Чешка, планирал напади по урнекот на Брејвик


Чешката полиција уапси 29 годишен маж, кој подготвувал терористички напад во Чешка по урнекот на Брејвик.

Полицијата почнала да го следи откако во негова електронска пошта го споменувал често името на Брејвик. Направен е претрес во неговиот дом во Остравa и запленета е голема количина на оружје. Полицијата нашла и неколку бомби и експлозивен материјал.

Во моментот на апсењето тој во себе имал и далечински управувач за активирање на бомба, но не е откриено дали бомба била монтирана и каде. За безбедно апсење полицијата од зградата во која што се наоѓал, евакуирала околу 80 станари, бидејќи не биле сигурни дали станот е миниран.

Полицијата нема информација ни кои биле потенцијалните мети на криминалецот. “На почетокот од истрагата сме. Засега не сакаме да објавуваме повеќе информации”, изјавил шефот на полицијата во Остравa.

Уапсениот му се воодушевувал на Брејвик, дури на интернет се преставувал под неговото име. Веќе им бил познат на полицијата и имал дебело досие и 5 осуди за разни дела.

Брејвик минатата година постави бомба во центарот на Осло, а на островот Утоја преоблечен во полицаец усмрти 77 луѓе.

Share Button

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1