Фото: Да се знае дека е МАКЕДОНСКА СВАДБА – огромно знаме на камион, а младенците во кочија


 

Огромно знаме на Македонија распослано на камион крстосуваше по улиците во скопската населба Ѓорче Петров. Љубопитни минувачи застанаа да видат за што се работи. Се насобра народ додека камионот трубејќи минуваше низ главната улица.

Како што мина камионот на него се виде развиорено огромно МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ, а зад него кочија. Украсена, убава и во неа зет и невеста – МАКЕДОНЦИ.

Немаме информација за парот и дали се работи за наш иселеник или едноставно патриот од Ѓорче, но секако нивниот спој на романтична кочија и камион со огромно знаме наиде на бурен аплауз од насобраните граѓани. Да се знае кога е МАКЕДОНСКА СВАДБА.

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1