Вработени во Федекс се ,,нашмркале,, чили прав – хоспитализирани 100 лица


Повеќе од 100 вработени во американската курирска служба Федекс во Мемфис добиле лекарска помош бидејќи еден вилушкар ненамерно пробушил цело буре со концентрат од лути пиперки.  

Властите во Мемфис изјавиле дека бурето од 19 литри е истурено пред зградата на Федекс, а поради концентратот од пиперки прегледани се и деконтаминирани 117 вработени кои биле во контакт со концентратот.

Во болница се двајца службеници, а евакуирани се неколку десетина вработени.

Бурето концентрат било наменето за производство на лут сос.

Мемфис е најголем центар за претовар на пратките од фирмата Федекс и во секоја смена во тек на 24 часа таму работат 11 000 луѓе.

Share Button

Tags: , , , ,

Ирена Чачкова

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1