Малата Аја од Сирија – лице кое повторно го трогна светот (ВИДЕО)


Уште една трогателна фотографија од рането дете во Сирија ги преплави социјалните мрежи. Сликата од преплашено, крваво девојче говори многу повеќе од коментарите и анализите на експертите.aja

На видеото е прикажано 8 годишно девојче кое се наоѓа во болница крваво и престрашено довикувајќи го својот татко. Сепак, успеала да одговори како се вика.

Аја, рекла кусо со плачлив глас.

На прашањето каде се наоѓала кога се случил нападот малото девојче одговорило: „Бев дома кога ни се сруши покривот над глава. Татоо врати се“, низ солзи рекло девојчето.

Малата Аја е извлечена од под урнатините на семејната куќа по воздушен напад во сириски Талбисех. Нејзиното семејство преживеало и е пренесено во засолниште.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1