Во потрагата за исчезнатиот малезиски авион Боинг 777-200 се вклучи и Ибрахим Мат Зин, „бомбох“ или малезиски јасновидец, кој бил ангажиран од висок функционер во малезиската Влада.
Ибрахим Мат Зин или познат како Раџа Бомох Седуниа Нујум, имал свој перформанс на аеродромот во Куала Лумпур во обид да ги демонстрира своите визии околу исчезнувањето на авионот Boeing b777-200 на компанијата Malaysia Airlines, пишува NBC News.
Малезискиот пророк или шаман, кој притоа бил ангажиран од владини претставници во таа прилика дал своја изјава.
“Авионот или се’ уште лета или паднал во морето”, заклучил најпознатиот пророк во Малезија, кој користи алати како “двоглед од бамбус” и други конвенционални алати, пишува NBC News.
Неговиот обид за откривање на судбината на исчезнатото летало бил исмеан на сите социјални мрежи, а подобар третман не добила ниту малезиската влада која го изнајмила.
)