Мали не го признал Косово – Пацоли покажал лажен документ


Мали демантираше дека го признал Косово. Низ светот кружи лажен документ, предупредуваа претседателскиот кабинет на Мали.

” сакаме категорично да демантираме таква невистина која прети да го извалка името на Мали”, се вели во соопштението кое го пренесува агенцијата Синхуа.

Дека Мали го призна Косово на прес конференција информираше заменик претседателот на косовската влада Беџет Пацоли покажувајќи документ.

Ова не е прв пат Пацоли да изјави дека некоја земја го признала Косово, а тоа потоа да е демантирано. Во февруари, изјави дека Уганда е 88 земја која го признала Косово, а претходно Нигерија, тогаш демантираше шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ. Оман и Гвинеја Бисао, истот така во септември минатата година демантираа дека го признале Косово.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1