Мали вошки – големи грижи


Автор M-r Ph Марија Петреска /

Доколку забележите дека вашето дете зачестено се чешка по главата тогаш тоа е сигурен симптом дека е заразено со вошки. Доколку ги има тогаш со многу ситен чешел може да ги извадите на бела хартија.

Нема потреба да бидете загрижени или пак да се срамите. Напротив тоа е толку честа појава помеѓу децата особено оние кои ги посетуваат градинките. За среќа проблемот лесно се решава.

Доволно е само да си набавите соодветен шампон и сте завршиле работа.

Докторите велат дека вошките се паразити, а како домаќин го избираат било кој цицач. Меѓутоа, најчести се оние кои се јавуваат кај луѓето. Обично ја населуваат косата, но постојат и други видови како што се срамните вошки или телесните. Овие видови не се безопасни бидејќи можат да пренесуваат болест позната како тифус. За среќа овие вошки не живеат во нашите краишта. Без домаќин овие паразити може да преживеат само 72 часа.

Човечките вошки најчесто ги нарекуваме детски бидејќи децата се најмногу изложени затоа што кај нив доаѓа до брзо пренесување – децата се поактивни.

Една вошка која целосна зрелост достигнува за три недели, во текот на својот живот кој трае околу 30 – 35 дена, може да положи околу 140 јајца односно гниди. Нив најтешко можеме да ги отстраниме бидејќи се лепат за косата, но многу е важно да ги елиминираме за да не се повтори процесот, при што најважно е што почесто да се контролираат децата.

Вошките се хранат со крвта и со (отпадот) од површинскиот слој на кожата. Кога вошката ќе направи раничка се создава воспаление и детето почнува да се чеша при што со ноктите може да пренесе бактерија која пак би предизвикала инфекција, а како последица на тоа може да биде локално отпаѓање на косата.

Важно е да се знае дека вошките сами по себе не се преносници на некои болести или зарази но можно е да претставуваат причина за тоа па затоа треба што побрзо да ги отстраниме.

Како да ги отстраниме?

Најлесно е да го прегледате детето така што ќе му ја поставите главата над бела хартија и потоа темелно да ја чешлате косата со ситен чешел. Добро прегледајте го делот зад ушите, околу слепоочниците и на тилот бидејќи гнидите и вошките најчесто тука се наоѓаат. Ако потврдите дека ги има неопходно е два до три пати да употребите препарати како што се шампони, лосиони и масла кои може да бидат на природна и хемиска основа и оваа постапка поради сигурност и претпазливост да ја повторите после една недела.

Автор M-r Ph Марија Петреска /

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1