На Егзит најмногу британци и холанѓани


Најбројни гости на фестивалот Егзит во Нови Сад се млади британци и холанѓани.

Но според портпаролката на фестивалот Милијана Вучковиќ, оваа година за прв пат има гости и од Русија, Шпанија, Рoмaнија, Белгија.

Најголемиот дел од нив се сместени токму во Егзит селото каде има забава, храна, медицинска помош, банкомат, менувачница, дури и преставништва на неколку амбасади.

Откако Егзит беше прогласен за еден од најдобрите фестивали во Европа доаѓаат и гости од Америка, Австралија и Канада.

1600 млади од цела Европа волонтираат на фестивалот.

Кампот е отворен од 9 до 16 јули и се очекува во него да престојуваат 4000 млади.  На фестивалот ќе настапат 400 изведувачи, а за да пристигнат што поголем број луѓе воведени се и вонредни возови на релација Нови Сад – Београд.

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1