Кумановец им избегал на полицајците од пред суд со се лисици на раце


Додека полицијата го спроведувала 18 годишниот кумановец во основниот суд во Куманово тој успеал да им побегне иако имал и лисици на рацете.

Х.И., познат сторител на кражби веќе бил во затвор за разбојништва и кражби извршени во Скопје, а требало допрва да му се суди за кражбите во Куманво, пишува Вечер.

Според МВР, инцидентот се случил околу 9.30 часот пред Основниот суд во Куманово. Затворските стражари пристигнале со осуденикот со затворско комбе, го паркирале, и кога ги отвориле вратите за да го изнесат тој ги избуткал и со трчање се одалечил од местото. Стражарите трчале по него но , кумановецот бил побрз иако рацете му биле врзани со лисици зад грб. Стражарите дури и пукале во воздух но затвореникот веќе исчезнал од видикот.

Полицијата сега трага по бегалецот. Стражарите ги чека казна.

Share Button

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1