Малку сонце малку дожд – еве какво ќе е времето викендов


Во Македонија во сабота ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици.

dozd sonce vinozitoСлаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува и умерен западен ветер. Утринските температури од 8°C до 16°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 20°C до 30°C. УВ индекс 3, пишува Weather4all.

Во недела во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне нестабилно со услови за слаби локални врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен западен ветер. Утринските температури ќе се движат од 7°C до 15°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 23°C односно до 33°C. УВ индекс 6.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1