Мало разладување, но високи температури – еве што не очекува денес


Времето  ќе биде променливо облачно и малку посвежо време. Ќе има сончеви и периоди со повремени локални и краткотрајни врнежи од дожд кои наместа ќе бидат проследени со грмежи, особено повеќе ќе бидат застапени во планинските подрачјано претежно ќе бидат во утринските и во доцните вечерни часови.mk skopje vodno sonce22

Ке дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а долж Повардарието повремено ќе се засилува.

Утрнската температура во земјава ќе биде во интервалот од 14 до 21, а највисоката, се очекува да достигне од 33 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди со услови за краткотраен дожд и со умерен до засилен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до околу 19, а највисоката дневна ќе достигне до 36 степени.

Во наредните денови ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и малку по пријатно време. Дневната температура ќе опадне за неколку степени, но во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1