Малолетни мајки во Македонија – Тато, дојди да ме земеш, имам бебе


– Тато, дојди да ме земеш, имам бебе. Никогаш нема да ги заборавам очите на петнаесетгодишното девојче што раѓаше на Kлиника, беше како уплашена срна. Девојчињата со неверојатни стравови раѓаат. Тоа за нив ниту е посакувано ниту познато чувство и состојба. Тие се деца што раѓаат деца. Еве вака петнаесетгодишно девојче побара помош од дома откако се породи на Kлиниката за гинекологија, вели за Дневник вработена во здравствената установа која инсистирала на анонимност.

maloletna majkaДрагана Букилица, портпаролка на Kлиниката за гинекологија вели дека според податоците од Kлиниката во 2012 година имало 4. 920 раѓања од кои дури 86 биле малолетни или десетина раѓања повеќе од 2011 година кога биле регистрирани 77 малолетни мајки.

– Во 2013 година до мај, од вкупно 125 абортуси, четири беа на малолетни пациентки. Во 2012 година од 280 абортуси две биле на малолетни девојки, а во 2011 година од вкупно 278 абортуси дури пет биле на девојчиња. На младите мора да им се обезбеди пристап до сексуално образование соодветно на возраста, за да развијат знаења и вештини кои им се потребни да си го заштитат своето здравје во текот на животот, вели Букилица, портпаролката на Kлиниката.

Според податоците на Обединетите нации повеќе од 600 милиони девојчиња во светот, над 500 милиони живеат во земјите во развој каде што е најголем бројот на малолетнички бракови и бремености.

Малолетничката бременост не претставува само здравствено прашање, туку е и развојно прашање и проблем. Таа има длабоки корени во сиромаштијата, родовата нееднаквост, насилството, детските и принудни бракови, неизбалансираноста на моќта помеѓу малолетните девојки и нивните машки партнери, недостатокот на образование, како и неможноста на системот и институциите да ги заштитат нивните права.

Целата сторија на – Дневник

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1