Малолетната Сабина Селимовиќ (15) една од двете девојки од Босна и Херцеговина кои заминаа за Сирија за еден француски весник вели дека и е добро меѓу џихадистите и дека не сака да се врати дома.
Таа преку интерју со СМС пораки објаснила дека добро ја третираат.
“Имаме кечап и Нутела. Можеме да добиеме и житарици и млеко за појадок“ -вели таа за весникот додавајќи дека не планира да се врати дома.
Таа објаснила дека не е бремена и дека ужива во новиот живот.
Сепак експертите сметаат дека целото интервју е дадено под будното око на нејзиниот нов сопруг кој е дел од милитанните џихаидсти.
Според нив, интервјуто е пропаганда на исламистите по објавените информации дека Сабина сака да се врати дома.
Таа уште на пролет замина за Сирија, а во моментов ја бара Интерпол.