Група од околу 20 непознати машки лица синоќа во 21.30 часот во близина на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје ги нападнале Ш.Ш.(14) и неговиот братучед Ф.А.(14), двајцата од Скопје, кои биле во друштво на три девојчиња на возраст од 14-15 години.
Како што соопшти денеска МВР, на тинејџерите им пришло едно засега непознато машко лице кое по кратко време се вратило со група од околу 20-тина лица и физички ги нападнале удирајќи ги со тупаници и клоци во пределот на главата и телото.
Двајцата нападнати со возило на Итната медицинска помош се пренесени во Градската општа болница.
Трите девојчиња за време на насилството успеале да избегаат.