Како што дознава српскиот Блиц, младото момче утрово ја однело мајка си на стотина метри од семејната куќа, каде требала да фати автобус за на работа. Кога излегла од авотмобилот синот ја поздравил со зборови од ко и исе заледила крвта во телото: “Мајко јас сега одам по мојот пат, ова е крајот”. Ја затворил вратата и тргнал назад
Мајката го видела синот како со автомобилот забрзува и ладнокрвно влетува во Дрина. Тргнала со трчање по него, но за жал не го стигнала.
Очевидци велат дека се се одвивало брзо. Го виделе момчето како влетува во реката и мајката која трча и плаче.
– Од младото момче веќе немаше ни трага, беше ужасно, велат тие за Блиц.
Полицијата веднаш започнала со претрага на местото на настанот. И последната надеж дека е жив згаснала кога полицијата му ги нашла само патиките.
Кога се чинело дека нема надеж, од полицијата се јавиле и кажале дека нашле момче без документи со жолта блуза. Реката го исфрлила на брегот.
За среќа, момчето е спасено од случајни минувачи. Велат дека Дрина не простува, но овој пат приказната нема трагичен крај. Засега не се знае зошто младото момче чиј идентитет не се открива, сакало да си го одземе животот.