Мамо, скриј ме тато кога ќе дојде – силувано тригодишно девојче


Мојата ќерка, по се што се случи, ми рече: Мамо, сокриј ме кога ќе дојде тато!-вели за српски Курир Данијела Несторовиќ, мајка на тригошно девојче за кое се сомнева дека било сексуално злоставувано од страна на таткото Игор од Лукомир кај Житораѓа.

devojc1

Страотно сознание

Немам ништо против мојот маж да оди во затвор. Само сакам себеси и моите деца да ги заштитам од него, зошто тој го направи она што не би смеел никој родител. А можев животот да го дадам дека тој не би го направил тоа, вели Данијела која води бракоразводна праница за старателството врз двата сина и ќерката што ги има со Игор.

Таа објаснува дека првпат забележала дека нешто се случува со детото кога се вратила од посетата на таткото.

-Се повлече во себе, а ноќе плачеше и викаше: „Тато, тато“. Кога повторно се врати се пожали на болки и пецкање во гениталиите, а тогаш видов и крварење. Тогаш таа ми кажа дека татко и ја бакнува и допира по половиот орган – вели Данијела и додава:devojc2

– Тогаш се сетив дека мојот сопруг и порано ја бакнуваше по телото, па и по половиот орган, кога ја бањавме. Зборуваше дека таа е негова принцеза која нема да се мажи, туку ќе живее со него.

Таа додава дека детето сега не сака да го види таткото.

-Ми раскажа се што се случило кога биле сами. Таа не сака да го види. Ми рече: „Скриј ме кога ќе дојде тато! – вели огорчената мајка.

Таткото пак во притвор

Таткото на детето Игор Несторовиќ е во притвор. Тој во петокот бил пуштен од притвор, но во понеделникот повторно му е одреден притвор во траење од 30 дена, кој почнува од 6 ноември.

Лекарскиот преглед кај девојчето покажал дека и е одземена невиноста, но не била силувана. -Триипол годишното девојче не би го преживеало тоа, вели во својата исповед оваа мајка.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1