Скакулци-штетници го преплавија Скопје откако наезда од т.н. мароканци ги опустоши нивите во штипскиот регион. Скакулци периодов се појавиле и во Скопје, на територијата на општина Аеродром по должината на коритото на Вардар.
Инсектите најмногу може да се забележат кога ќе падне мрак, па сè до зори. Жителите на општина Аеродром се жалат поради големата појава на скакулци и велат дека населбата не памети вакво драстично размножување.
Според експертите, појавата се должи на драстичната промена на временските услови, но нема место за паника бидејќи јатата скакулци се во фаза на растурање.
Тие посочуваат дека состојбата може да биде многу подраматична идната година.
Sitel