Маршута – каде ќе протестира опозицијата денес


Утрешниот Караван на отпорот кој го организира Сојузот на иднината во пет за дванаесет ќе тргне од три локации и ќе се соедини пред владата. Собирно место на првиот караван е кај салата МЗТ во Аеродром. Граѓаните ќе продолжат по булеварот АВНОЈ кон Ново Лисиче.

protest8На крстосницата со билеварот Србија ќе завртат десно и ќе продолжат по истиот булевар се до крстосницата кај Цементарница, по што ќе завртат лево. Се продолжува право по булеварите Првомајска, Сава Ковачевиќ, Иван Козаров и 11 Октомври се до Собранието каде кај Т.Ц. Палома Бјанка караванот ќе продолжи десно. Пред мостот Гоце Делчев автомобилите ќе завртат лево по Илинденска до целта – зградата на владата.

Вториот караван е кај паркот во населбата Автокоманда на булеварот Александар Македонски. Караванот ќе продолжи по овој булевар каде на првата крстосница врти десно по улицата 16 Македонска бригада. Потоа се продолжува по улицата Коце Металец во Железара и Ферид Бајрам во Чаир. На крстосницата пред Општината Чаир, врти лево по булеварот Христијан Тодоровски Карпош и продолжува право по Цветан Димов и Крсте Петков Мисирков. Кај „Мавровка“ се врти десно и преку булеварите Гоце Делчев и Илинденска пристигнува пред владата.

Собирното место на третиот караван е кај Баумаркет (Жито Велес) во населбата Ѓорче Петров. Караванот се движи по булеварот Ѓорче Петров кон Влае каде врти десно по булеварот Партизански одреди. Потоа продолжува право, преку мостот Обединети нации и низ Карпош се движи по целата должина на булеварот се до Соборниот Храм каде врти лево. Преку булеварот Климент Охридски и Илинденска се пристигнува до владата.

plus info

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1