Март ќе не смрзне: Утре снег и ладно – температура од 1 до 9 степени


Времето утре ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.

temperatura vremeВрнежите ќе бидат со умерен интезитет и повеќе ќе бидат застапени во попладневните и вечерните часови. Ќе дува умерен, а повремено засилен ветер од северен правец.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник повремени врнежи од снег се очекуваат и на некои пониски места.

Температурата ќе се движи од еден  до девет степени.

Во Скопје и околината ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и со температура до шест степени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1