Масакр во Калифорнија: Син на холивудски режисер пукал во пешаци – убил 7 луѓе (Видео)


Вооружен маж пукаше во универзитетското гратче Исла Виста во близина на Калифорнискиот универзитет , при што уби најмалку седум лица, а како што информира телевизијата ЕН-БИ-СИ, има и голем број повредени.

460xШефот на полицијата во Санта Барбара информираше дека и напаѓачот загинал како последица на прострелна рана во главата , но не наведе дали тој се самоубил , или е убиен од некој друг. Неговиот идентитет веќе е познат , полицијата одбива да го соопшти , додека не добие потврда од блиските, но медиумите веќе објавија дека се работи за син на холивудски режисер Петар Роџер, режисер на серијата “The Hunger Games” . Нивниот адвокат им кажал на медиумите дека семејството и пред една недела ја алармирала полицијата. А синот имал проблеми во создавање пријатели, пренесува АП.

Напаѓачот, кој возел црно возило стрелал врз пешаци на неколку локации во градот. Убиецот загинал како последица на прострелна рана во главата, но се’ уште не се знае дали тој се самоубил , или е убиен од некој друг.

Се претпоставува дека масовното убиство бил претходно смислено, бидејќи неколку дена пред тоа на Јутјуб било објавено видео со закани кон жителите на Исла Виста .

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1