Се тресеа Турција и Грција – 300 повредени (Видео)


Земјотресот се случи во 11.25 часот по македонско време југозападно од грчкиот остров Самотраки и во близина до турскиот остров Ѓокчеда и до грчкиот остров Лимнос.

185495_newsdetailАхмет Чинар, валија на округот Чанаккале, северозападна Турција, каде што се наоѓа и Ѓокчеда, изјави дека над сто лица, како на островот, така и во континенталниот дел, побарале лекување поради лесни повреди. Поголемиот дел од нив се повредиле, додека во паника се обидувале да ги напуштат зградите. Најмалку една жена била повредена од паднати цигли. Земјотресот предизвика и штети на територијата на округот.

Во Чанаккале биле и евакуирани пациентите од државната болница, чии ѕидови испукале. Властите градат полска болница, каде што ќе се згрижат пациентите.

Дежурен службеник од полицијата на грчкиот остров Лимнос изјави дека британска туристка била лесно повредена на аеродромот кога паднал дел од таванот. Не се соопштува за други настраданите или штети.

Земјотресот, почувствуван исто така и во Македонија, Србија и Бугарија, бил проследен од серија секундарни потреси.

Во серијата афтерштокови кои уследија по земјотресот со магнитуда до 6,5 степени по Рихтер чиј епицентар беше во Егејското Море крај брегот на Турција, настрадале 267 луѓе, соопшти владината Управа за вонредни ситуации.

 

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1