Масакр во Кенија: Универзитет под опсада, 15 лица загинати, не се знае каде се 500 студенти (ВИДЕО)


Најмалку 14 луѓе се убиени и уште 65 се ранети – исламистички милитанти го нападнаа универзитетскиот кампус во Гариса на истокот од Кенија, недалеку од границата со Сомалија и притоа земаа студенти христијани за заложници.

„Сѐ уште не се знае каде се уште речиси 500 студенти. Изборивме 280, а во универзитетот имало 815“, изјавил кенискиот министер за внатрешни работи Жозеф Нкаисери.kenija

Припадниците на кениската полиција и армијата го опколија кампусот, а веќе неколку часови трае престрелката меѓу безбедносните сили и напаѓачите, изјави за Reuters првиот човек на полицијата Жозеф Боане.

Одговорноста за нападот го зема исламситичката групација Ал-Шабаб, која е поврзана со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда. Таа потекнува од соседната Сомалија, но и изминатите години изведуваше неколку големи напади на територијата на Кенија, меѓу кои и нападот врз трговскиот центар во главниот град Најроби во септември 2013 година, кога беа убиени 67 луѓе, од кои многумина странски државјани.

Групата во четвртокот соопшти и дека земала во заложништво многу христијани. „Ги разделивме луѓето и ги ослободивме муслиманите“, изјавил за Reuters портпаролот на Ал Шабаб. „Во кампусот и натаму се водат борби“, потврдил.

Боане изјави дека напаѓачите без да гаѓаат отвориле оган откако влегле во универзитетскиот комплекс.

Најмалку 14 луѓе се убиени, изјавил неименуван полициски функционер, додека штабот за вонредни ситуации на Кенија соопштои дека бројот на ранетите се искачил на 65 лица. Црвениот крст, пак, соопшти дека се ослободени 50 студенти.

Американската телевизиска мрежа CNN јавува, пак, дека бројот на убиените е 15, како и дека во моментот на нападот во кампусот имало околу 550 студенти, од вкупно 815.

„Досега имаме 65 настрадани, сите имаат рани од куршуми или шрапнели“, изјавил лекар во болницата во Гариса. Четворица од повредените се во критична состојба, објави Националниот оперативен центар за кризни состојби на Twitter, додавајќи дека тие се префрлени во болница во Најроби.

Локалната полиција објави дека нејзините припадници им се спротиставиле на напаѓачите, кои се повлекле во зградите наменети за сместување на студентите. Очевидци изјавија дека во нападот учествувале пет вооружени лица, како и дека се убиени најмалку двајца припадници на обезбедувањето на кампусот.

Гариса, град со 120 илјади жители, се наоѓа на 140 километри од сомалиската граница. Во јули 202 година во нападите врз две цркви во овој град исламистичките терористи убија 17 луѓе,

Радикалната исламистичка група Ал Шабаб (Движење на младите муџахедини) одржува тесни врски со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, поради што нејзините челници последните месеци беа цел на операции на американските командоси. Ал-Шабаб се смета за хетерогена организација којашто обединува голем број фракции, поделени по идеолошка и клановска основа. И покрај тоа, според експертите, таа останува силна групација и претставува сериозна безбедносна закана. Изминатите шест години Ал Шабаб се бори против централните сомалиски власти и ги попречува хуманитарните активности на ОН во земјата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1