Непознато починато машко лице облеано во крв е пронајдено синоќа кон езерото Треска.
Телото е пронајдено околу 19:30 часот на Глумовска кривина од с.Глумово, на самиот пат.
Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на ЈО телото на починатиот е предадено за обдукција.