Денеска во атарот на село Миравци во гевгелиско, непосредно покрај пругата е пронајден машки труп со повреди на главата, настанати од удар на воз.
Според информациите починатиот немал во себе документи за идентификација и најверојатно се работи за странски државјанин. По извршениот увид на лице место, телото на починатиот по наредба на јавен обвинител е предадено на обдукција.