Вчера наутро на ул.„16-та Македонска Бригада“ во кругот на фабриката „Железара“ пронајден е непознат машки леш во фаза на распаѓање.
Увид на местото на настанот е извршен од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и Јавен обвинител и по негова наредба телото на починатиот е пренесено во Институтот за судска медицина и криминалистика за обдукција.
Се работи на утврдување на идентитетот на лицето како и целосно расчистување на случајот.