Не се капете во езеро и река – народни верувања за денешниот ден Преображение


Во народните верувања празникот Преображение се слави како премин меѓу летениот и зимски период, кога воздухот и водата стануваат постудени, лисјата почнуваат да жолтеат и се во природата што дотогаш растеше, полека венее. На овој ден не се работи.veligden isus

Порано од Преображение луѓето повеќе не се капеле во езерата и реките. Се вели дека Гората се преобразува, а добро е симболично да се скршат лешници, велат преданијата.

Жените воочи преображение врзувале црвен или бел конец околу рацете и помислувале желба. Ако конецот не се скине во текот на денот, желбата ќе се исполни. На овој ден е строг пост, а во некои краишта луѓето се причествувале во црква.

Многу верници на овој ден, а прв пат во годината пробуваат грозје, бидејќи мислат дека тоа се преобразува во зрело дури по овој празник.

Се верува дека ако на овој ден е убаво времето, следната година нема да биде добра жетвата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1