Сиријци навалија во Србија – 83.000 луѓе бараат азил


Во Србија досега се евидентирани 83 илјади луѓе кои бараат азил, но само 500 поднеле официјално барање до српските власти, изјави шефот на Високиот комесаријат на ОН за беглаци (УНХЦР) во Србија, Ханс Шодер.

Според податоците на УНЦХР, од почетокот на август во Грција пристигнале околу 130.000 бегалци, од кои речиси сите преку Македонија доаѓаат во Србија, изјави претставникот на оваа мисија во Белград Ханс Шодер во вторникот вечерта гостувајќи во емисијата на регионалната телевизија N1.migranti avtopat mk

Најбројни се бегалците од зоните на конфликтот во Сирија со 57 отсто, околу 25 проценти се од Авганистан, илјадници доаѓаат и од Ирак, а најголемиот дел од нив само минуваат низ Србија, појасни Шодер.

Според него, најголемиот притисок е на југот од Србија, во областа на Прешево, но ситуацијата се подобрила откако е отворен центарот за прифаќање на имигрантите и бегалците во кој се евидентираат за добивање помош, храна и упатства за продолжување на патот.

„Тој центар е под голем притисок, со повеќе од илјада луѓе коишто се евидентираат секојдневно во Прешево и ние сме во постојана соработка со државата за да ги унапредиме условите“, рече Шодер. Не сакаше притоа да прогнозира што ќе се случува следните месеци, појаснувајќи дека тоа зависи од Грција и од другите земји во Европската унија.

„Треба да постои правен начин овие луѓе да заминат во земјите на западна Европа, да можат легално да ги минуваат границите, а не илегално, како и да им се овозможи одредена правна заштита“, смета претставникот на ОН.

Притоа ја пофали реакцијата на српската влада. „Одговорот на српската владата е добар, важно е што Србија ги прима на својата територија, ги евидентира и им помага на бегалците, им овозможува медицинска помош“, рече Шодер.

Зборувајќи за Унгарија, оцени дека Будимпешта има право да подигне ограда на својата територија, но исто така и оти има обврска „според националните закони и меѓународното право да ги прима бегалците, да ги пушти на својата територија и да им даде заштита“.

„Оградите не се решение, УНХЦР е против тоа… Тоа не е никакво практично решение и досега се покажа дека тоа не функционери“, истакна Шодер во контекстот на иницијативата на Унгарија за подигнување ограда на границата со Србија за да го спречи напливот од имигранти, како и некои слични иницијативи кои се појавија во Белград во однос на границата кон Македонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1