Вчера утрото околу два часот по полноќ во куќата на улицата „Палмиро Тољати” во Скопје, тројца маскирани лица со закана со пиштол украле 100 евра, лап топ, разновиден златен и сребрен накит и еден мобилен телефон.
Куќата е во сопственост на М.М.В.(44), а во неа живеела и Ч.С.К.(66).
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителите.