Масло за сончање по рецепт на нашите баби – здраво, а и ефективно


productmain

Во стаклено шише со пошироко грло или поголема тегла ставете неколку изрендани моркови, неколку исецкани зелени ореви, цветови од лаванда, а може да се додаде и жалфија.

Наполнете го шишето со од прилика 60-70 посто од оваа содржина, а потоа налејте до врвот маслиново масло. Мешавината треба да се остави на сонце 20-25 дена, со секојдневно мешање и протресување на шишето, а на крај треба и да се процеди низ неколку слоеви газа.

Маслиновото масло има природен заштитен фактор 2, што е занемарлива заштита за денешното зрачење, но природно поголем фактор имаат морковите и оревите, што значително го зголемува заштитниот фактор на маслото, а освен тоа и ја негува кожата.

Морковите се богати со бета-каротен и витамин А, и се користи во модерните препарати за сончање, бидејќи ја обновува кожата и го забавува нејзиното стареење, но и го забрзува потемнувањето.

Лавандата и жалфијата се исто така одлични за нега на кожата, делуваат противинфективно и на акните, изгорениците, раните, а лековитата жалфија пак го намалува и целулитот. Освен тоа, овие состојки на маслото ќе му дадат преубав мирис.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1