Шест лица ќе добијат соодветни пријави откако полицијата го расчисти инцидентот кој денеса по митингот на кандидатот на СДСМ за претседател избил во скопско Лисиче.
„Министерството за внатрешни работи го расчисти нарушувањето на јавниот ред и мир кое се случи со тепачка на ул.Ѓорѓи Капчев, помеѓу З.Л.(1996), К.Л.(1985), С.Л.(1959) и А.Л.(1998) од ул.Ѓ.Капчев(членови на СДСМ) од една страна у И.И.(1998) и неговиот татко Б.И.од истата улица – членови на ВМРО.
По кратка вербална расправија по завршувањето на митингот на кандидатот Стево Пендаровски во Лисиче, дошло до физичка пресметка во која си размениле неколку удари.Се работи на целосно документирање на случајот, по што против одговорните во инцидентот ќе следуваат соодветни поднесоци“ – информира МВР