Матија ја погледна мајка си и почина – Детали за сообраќајката кај Неготино


Единаесет годишниот Матија Шушнјевиќ од Белград завчера почина во сообраќајна несреќа на патот Неготино – Демир Капија откако, автомобилот со кој со семејството патувале излета од патот и се преврте, најверојатно поради тоа што неговиот татко, поради замор, заспал на воланот, пренесува српски Курир.

matija-susnjevic-poginuo-decak-1373665693-338665Во автомобилот биле таткото Саша 46 , мајката Гордана 42, и двете дечиња – 5 годишната сестричка и 11 годишниот Матија.
Очевидци на несреќата велат дека родителите на Матија, Сашо и Гордана се извлекле од автомобилот. Но од силината на ударот, задниот дел на кровот се деформирал и го притиснал момчето и му нанело повреди.
Според очевидците, мајката се приближила кон синот и го фатила за рака…Тој само ја погледнал, и издишал за последен пат. Глетката беше многу трагична, велат очевидците.
matija-susnjevic-poginuo-decak-1373665693-338661Повредените биле веднаш пренесени во болница во Неготино и по 2 дена се пуштени на домашно лекување. Тргнаа на одмор а се вратија завиени во црно – молк и тага во нивниот дом во Белград
Пријателите и роднините на семејството велат дека Матија бил дете за пример, најдобар кошаркар во својата генерација во КК Рас, а дека семејството моментално се наоѓа во неверојатно тешка состојба, откако среќни тргнаа на одмор, а по само два дена се вратија завиени во црно.
Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1