Маж со Хитлерови мустаќи и свастика нападна бегалци во Германија


Маж што носи шлем со свастика и мустаќи слични на оние на Адолф Хитлер, нападнал двајца бегалци на ски падина во Германија. , пишува британскиот весник. “Индипендент”.

Според полицијата во градот Дрезден двајцата мажи на 21 и 29 години се од Авганистан и се спуштале со санка по патеката кога напаѓачот им се приближи кон нив и почнал да ги навредува.germanija.jpg-500

“Малку потоа тој го погодил помладиот во главата, користејќи го  шлемот, при што Авганистанец падна на земјата”, соопшти портпаролот на полицијата.

Напаѓачот продолжил да ги малтретира двајцата мажи, додека минувачи не интервенирале.

Потоа тој го напуштил местото на настанот, но  пред тоа и им застанал  со нацистички поздрав. Мажот се бара не само за нападот на бегалците, но и за употребата на “симболи на неуставни организации”. По нападите во Келн од ноќта на Нова година во Германија се зголемија антиимигрантските протести и напади. Според властите меѓу 1000-та мажи, одговорни за нападите во ноќта, има  бегалци.

Последните анкети покажуваат дека поддршката за прием на мигранти при сегашното  ниво, се намалува. Во исто време, германскиот канцелар Ангела Меркел вети дека ќе ја олесни депортацијата  во случај да  извршат кривично дело. Во изминатата година во Германија пристигнале близу 1,1 милиони. Бегалци, претежно од Сирија, Ирак и Авганистан.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1