Маж вооружен со ножеви уапсен пред Бакингемската палата во Лондон (ВИДЕО)


Лондонската полиција употреби пиштол со електрошокови, за да го уапси мажот, вооружен со два ножа пред Бакингемската палата, додека голем број туристи ја набљудуваа смената на стражата.

london noz samoubiecОд Скотланд јард истакнаа дека маж на околу 50 години бил забележан со два ножа пред централниот влез на палатата. Тој не се заканувал на други луѓе, но кога му се приближила полицијата, се однесувал агресивно.
Полицајците го зашеметиле со пиштол со електрошокови и го одвеле во полициска станица, соопштија од Скотланд јард, прецизирајќи дека никој не е повреден во инцидентот.
Според очевидци, мажот бил психички неурамнотежен и се обидел да се самоубие, кога кон него се упатиле група полицајци.
Во моментот на инцидентот кралицата Елизабета Втора и нејзиниот сопруг принцот Филип не биле во палатата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1