Мажите под стрес обожуваат дебели жени!?


Група британски научници тврдат дека мажите кои што се изложени на поголем притисок повеќе ги привлекуваат жени со повеќе килограми.

Според истражувањето, стресот драстично ги менува критериумите за потенцијалните партнерки.
Медиумите, животниот стил, сето тоа влијае и може да ја промени вашата проекција за идеална жена, вели Др Мартин Тови ко-автор на студијата спроведена од тим научници од Лондон и Њукасл.

Претходните истражувања на Др Тови покажуваат дека опкружувањето и тоа како влијае врз дефиницијата за привлечност. На пример, кај земјите во криза, каде што храната е луксуз, мажите обожуваат жени со некое килце плус, за разлика од економски релаксираните земји во кои репер за убавина се манекенски градените жени.

Во секој случај според Др Тови ниту еден идеал за женската привлечност не е вечен.
„Постојано се зборува за еден ист идеал, но дефиницијата за омилената женска фигура е многу флексибилна“. Ако го смените медиумот кој што го пратите, или пак го промените животниот стил, ќе ви се репрограмира и проекцијата за совршена жена, заклучок на Др Тови.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1