„Ме боли, како да сум во киселина” – последните зборови на осуденик на смрт!


Чарлс Фредерик Ворнер е првиот осуденик кој во Оклахома бил погубен со смртоносна инјекција, откако минатиот април друг осуденик од неа умирал цели 40 минути, наместо предвидените 10.

“Ме забодеа 5 пати, ме боли, како да сум во киселина”, биле последните зборови кои вчера за време на егзекуцијата ги кажал Чарлс Фредерик Ворнер, првиот осуденик кој во Оклахома бил погубен со смртоносна инјекција, по неуспешниот обид за користење на тоа средство минатата пролет.osuden

Во април минатата година осуденик умирал повеќе од 40 минути, наместо предвидените 10, што довело до осуда од јавноста. Извршувањето на смртните казни било одложено додека не се направила ревизија на процедурата за егзекуција, пренесува агенцијата AP.

Егзекуцијата на Чарлс Фредерик Ворнер, поради убиство на 11 месечно девојче во 1997-та година во Оклахома, траела 18 минути вчера вечерта, пренесува агенцијата AP.

Еден од официјалните сведоци на егзекуцијата, Шон Мартин, изјавил дека последните зборови на Ворнер биле: “Ме забодеа пет пати, ме боли, како да сум во киселина”. Ворнер исто така порачал дека не направил сè што му препишале во судницата. Слушнете го и самите:

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1