„Ме омажија на 10, родив на 13, па станав вдовица”


Мало девојче од Африка било омажено кога имало само 10 години, а на 13 родило дете. Семејството Гебрекидан ставило крај на детството на нивната 10-годишна ќерка кога решиле да ја омажат, а набрзо животот и се променил од корен и тргнал во многу лоша насока.

Малата Алемшаја се омажила за 16-годишно момче, а за три години му родила дете. Набрзо нејзиниот сопруг починал, па таа на само 13 години станала вдовица. Сега има 38 години и живее во Лондон, а за медиумите си ја отвара душата и ја раскажува својата животна приказна.

malecka-nevesta– Си играв пред куќата кога мајка ми ме викна внатре. Ми рече дека морам да се мажам и дека немам избор. Плачев, но знаев дека што и да кажам на родителите ќе биде залудно, вели девојката.

Таа до денот на венчавката не го видела избраникот за неа, а потоа кога го запознала се почувствувала убаво бидејќи и тој бил дете исто како и неа. Потоа му го родила синот кој денеска има 25 години.

– Ме болеше многу, и кога бев бремена и кога раѓав. Бев само дете, се присетува таа.

Нејзниот сопруг починал кога имала 13 години, а тој 19. Ја оставил сама со дете. Таа синот го оставила на маката и отишла да работи во Египет, а потоа и во Лондон. Морала да се снајде и да заработува за живот за да може да си го одгледа синот.

На 16 години побарала азил и била сместена во хранителско семејство, бидејќи била млада. Се вратила назад во школо и научила англиски и сега помага во хуманитарни активности.Нејзиниот син живее во Етиопија со бабата и дедото, а мајката го гледа само кога ќе дојде во посета.

– Многу ми е тешко, но не можам да го донесам во Лондон. Се обидов минатата година и ми рекоа дека не може – рекла Алимтсахје.

Колку и да звучи шокантно, нејзиното искуство не е невообичаено. Имено, според Светската здравствена организација, годишно 14,2 милиони девојчиња помлади од 15 години се присилени на брак.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1