Ме прогонува лагата за смртта на мојот брат: Исповед на момчето (11) чиј брат (13) се удави во река


– Единствена желба ми е, братот да ми се врати. Го сонував, ме молеше да му помогнат. Уште ме прогонува тоа што измислив приказна за грабнувае, иако се удави пред моите очите, вели за српски Курир, Урош Илиќ (11), брат на Стефан (13), кој пред две години настрада во реката Караш во Банатска Суботица кај Бела Црква.

Кобниот 13. јуни 2015 година Урош со братот Стефан чувал овци и се обидел да спаси јагне кое паднало во реката, при што постариот брат се удавил. Урош како што вели, од страв да признае што се случило, рекол дека го киднапирале Стефан. Полицијата, Жандармеријата а и цела Србија застанаа на нозе, а телото два дена подоцна го пронајде соседот.

Две години по трагедијата Урош низ солзи објаснува дека се обидел да му помогне на братот.

Не го турнав

Видов дека два три пати излезе од водата. Му подадов стап, но не можеше да се фати. Тој мене ќе ме извлечеше да бевме во обратна ситуација. Ни јас не знам да пливан и ми беше страв поблиску да пријдам до реката, вели момчето пред својата мајка Гордана и таткото Стево.

На прашањето зошто ја измислил приказната, одговара дека го обзел страв.

-Не смеев да им признаам на мама и на тато. Морав нешто да смислав. Гледав филмови во кои киднапираат деца и се сетив нешто такво да раскажам, меѓутоа се се сруши кгоа го пронајдоа телото на Стефан, знаев дека морам се да признам, вели детето кое психолозите го оценија како натпросечно интелегентно.

Детето негира дека намерно го турнал братот

-Се каравме околу тоа кој да ја чува стоката и често се тепавме. Затоа се плашев да кажам дека се удавил, зошто мене ќе ме кривеа, раскажува Урош, кој годинава завршува трето одделение.

Вели дека не е горд на тоа што го направил

-Додека не го пронајдоа, не можев мирно да спијам Мислев дека морам да се држам до таа приказна, се надевав дека нема да го најдат. Од друга страна, изгубив брат, Стефан многу ми недостасува. Месец дека го сонував како ме довикува, како ме моли да му помогнам, вели низ солзи детето.

Се грижам за парите

Тој објаснува дека Стефан водел сметка заедно со таткото за семејството и за парите, но и дека таа улога сега тој ја презел.

– Татко го има главниот збор во куќата. но јас се грижам за парите и во куќата да има се што треба зошто јас најдобро сметам. Понекогаш е тешко, но се снаоѓаме, помладите браќа ме слуѓаат, вели Урош кој има двајца помлади браќа, едне постар како и две постари сести.

Роднините велат, малечкиот ќе страда

Роднините велат дека Урош постојано зборува дека се чувствува виновен.

-Урош се обиде да му помогне кога падна во река, но не успеа/ Сега мисли дека тој е виновен и кога- тогаш ќе страда поради смртта на братот, вели Александар, поранешен зет во семејството Илиќ.

 

На гробот на братот: Таа лага не ми даде мир

Додека со Урош и семејството бевме на гробот на Стефан, детето вели дека и натаму ја чува стоката на истото место каде бил со братот.

-Одам до местото каде се удави и се сеќавам на се. Тешко ми е, денеска да можев да избирам, веројатно се поинаку би направил. Не би лажел, зошто таа лага не ми даде мир, уверува Урош.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1