Ме силуваа, па ми ја исцицаа крвта за нивните ранети – исповед на 19-годишна сексуална робинка на ИСИС


Ново сведоштво на девојка која што го преживеала хоророт на сексуалното ропство во ИСИС уште еднаш пред светот потврди дека станува збор за сурова организација.

Станува збор за тинејџерка која што забременила откако била заробена од милитантите на ИСИС и во својата исповед зборува за тоа дека заробените девојки се присилени да даруваат крв, се со цел да ги одржат борците во живот.

isis500

Хамше, која што е воедно и првата Језиди робинка која што го открила својот идентитет, сведочела за сите болни искуства на заробените девојки и деца, чија што крв џихадистите ја користат за ранетите борци на бојното поле.

Деветнасетгодишната девојка, која што сега е мајка на дете кое го добила со мажот за кој била принудена да се омажи, а кој најверојатно е убиен од страна на милитантите, била во заложништво 28 дена, пред да успее да избега, објавува ”Daily Mail”.

– Секој од нив зграби по една од девојките, еден маж мене ме однесе во неговиот дом и ме заклучи во една од собите, предупредувајќи ме: Нема да ти давам вода и храна ако одбиеш да се омажиш за мене, посочила несреќната девојка.

Таа раскажала и како џихадистите ги принудувале да даваат крв.2isis500

– Тие ги принудуваат девојките да даруваат крв за ранетите борци. Кој Бог им ги дозволува овие дела?!, изјавила Хамше.

Таа додала дека го искористила сонот на чуварите за да избега заедно со своето дете кое плачело од жед: „Четири часа трчав со своето дете во рацете и шише вода кое успеав да го украдам”.

– Никогаш нема да ја заборавам глетката додека тие ги разделуваа мажите и жените. Беше навистина тешко да гледаш како жени и млади девојки беа киднапирани како воен плен. Секој борец од ИСИС грабаше по една девојка, присвојувајќи ја за себе. Тоа е потешко и од соочувањето со смртта, раскажала несреќната девојка.

Нејзиното сведочење, како и сведоштвата на бројни други девојки кои што успеале да избегаат од хоророт и сексуалното ропство на ИСИС, ќе бидат дел од документарниот филм ”Slaves of the Caliphate”, кој премиерно ќе прикажан на “BBC Arabic”.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1