Словенечки дипломат е меѓу повредените во екплозиите во Брисел, соопшти словенечкиот министер за надворешни работи, Карл Ерјавец.
Ерјавец на денешната прес-конференција изјави дека дипломат, чие име не го објави, е во болница, а неговиот живот не е во опасност.
Според извештаите на медиумите, дипломатот бил повреден во експлозијата во метрото, додека одел на работа.