Овогодинешната титула за најпосакуван град за живеење на светот ја зема Мелбурн. Веќе втора година по ред овој град важи за најомилениот во светот. На второ место е Виена, а на трето Ванкувер, покажала анкетата која што ја спровел”Economist Intelligence Unit” (EIU).
Во најновата анкета вкупно имало 140 градови ширум светот , а главни критериуми за најпосакуван град за живеење биле стабилноста, здравствената заштита, култура, заштита на животната околина, образование и култура.
Австралиските градови се владетели на листата, сите сакаат да живеат токму во овие градови, Сиднеј го завзема седмото место, а Перт деветото,
Покрај Ванкувер кој падна на трето место, а во претходните години беше владеел на листата, уште два града од Канада завземале висока позоција, Торонто на четврто место, а Калгари петтото место го дели со Аделаида.
На осмо место е Хелсинки, а на десето Окланд.
Од градовите во регионот, на листата едниствен град е Белград кој се нашол на 99 место. На листата, Скопје или пак некој друг град од регионот не се споменува.
На дното на листата се Лагос, Хараре, Карачи Алжир, Техеран, Триполи.