Менито од бродот Титаник е продадено на аукција во Њујорк за 88.000 долари.
На аукцијата менито е продадено вчера заедно со уште два предмети од бродот.
Инаку менито е сочувано од патник кој го преживеа бродоломот во 1912 година.
Ова не е единствен предмет кој е продаден по огромна сума пари кој бил на Титаник за време на потонувањето.
Постојат колекционери кои си ги збогатуваат своите колекции со предмети поврзани со бродот кој имаше трагична судбина.