Германскиот канцелар Ангела Меркел денеска изјави дека ќе бара реализација на договорот за миграција меѓу Европската унија и Турција.
Според неа алтернативата за затворање на границите со цел ограничување на бегалскиот бран кон Европа ќе има големи последици за Унијата.
Меркел изјави на прес конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека на средбата на врвот во Брисел оваа недела нема да се разгледуваат нови квоти за распределување на бегалците во Европа.
Наместо тоа, тема на дискусиите ќе биде дали договорот на ЕУ со Турција може успешно да се справо со мигранскиот бран или Унијата „ќе се предаде и ќе ја затвори грчко-македонско-бугарската граница со сите очекувани последици за Грција, ЕУ и Шенген“, нагласи таа.