Меркел има плата од 17.000 евра месечно


Лидерот на опозициските социјал демократи во Германија (СПД), Зигмар Габриел, смета дека канцеларката Ангела Меркел не заработува доволно, бидејќи нејзината бруто плата како претседател на Владата е 17.000 евра месечно.

„Не е нормално германската канцеларка да заработува помалку од еден директор на просечна штедилница“,  вели Габриел за неделниот весник Франкфурт алгемајне цајтунг.

Ангела Меркел, која е на должност од средината на 2005 година,  би требало до половината од 2013. година да добива по околу 17.016 евра бруто месечно.

Но, бидејќи  е и пратеник, ќе добива вкупно 23.000 евра бруто месечно, пишува весникот.

Социјал Демократскиот кандидат за канцелар на изборите во 2013, Пер Стајнбрик неодамна призна дека држел платени предавања што предизвика критики во Германија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1