Ирачките затвореници пред да бидат испрашувани биле ,,омекнувани,, со музика на Металика во Гвантанамо на Куба.
Кога чул фронтменот на Металика Џејмс Хетфилд реагирал на информациите дека во затворот Гвантанамо војската ја користи музиката на неговата група за мачење на затворениците.
Американски специјалец со прекар Пукач (The Shooter) открил дека музиката на овој бенд се користела во војната во Ирак и тоа за мачење.
Кога чул пејачот на „Металика“ Џејмс Хетфилд бил прилично изнервиран што наводно ја контактирал американската војска и побарал веднаш да престанат во ваквиот бизарен начин на мачење, ние никогаш не сме имале врска со политика – и музика и политика не одат заедно. Но одговорот од пукачот е следен.
,, Аман па вие имате албум кој се вика ,,уби ги сите,,
Според информациите командантите решиле да му удоволат па сега наместо металика ја користат групата Demon Hanter, кои сами барале нивната музика да има примена во војната.
,, да се јавија момците од бендот и рекоа дека поддржуваат се што правиме во Ирак и ни дадоа цд од нивниот бенд да го користиме,, изјавил Пукачот
Но членовите на групата рекле дека не е точно дека доброволно се понудиле и не знаат ништо за тоа дека нивна музика ќе се користи за мачење затвореници. Но додадоа дека се горди на единиците на фоките и на пукачот за кои имаат мислење дека се прави американски херои и тие се задоволни со сознанието дека можат на било кој начин да помогнат.