Метеор му паднал на кров од куќа (Фото)


Минатата недела во средата, огнена топка удрила на кровот на куќата на семејството на Лиза Вебер во Калифорнија.

Лиза која работи како административна сестра во одделот за дерматологија при Универзитетот на Калифорнија, откако ја прочитала статијата напишана во весник од Дејв Перлман во саботата, во која ја објаснил набљудувачката траекторија која што ја следела НАСА, на метеорошкиот дожд, Лиза се качила на кровот, за да го пронајде местото каде што удрило телото.

Потоа утврдила во кој дел од дворот истото можело да заврши.
Лиза нашла 63 грама густо магнетно тело. Интересно истиот тој ден кога паднал метеорот бил роденден на нејзиниот син Глен Ривера.

Пронајденото тело имало светли и темни делови, а се верува дека е дел од поголема карпа која што при влегувањето во орбитата се распрснала на повеќе делови.

Според анализите кои што биле направени во центарот на НАСА е утврдено дека астероидот влегол со брзина од 14 километри на час, а благодарение на утврденото место на пад на парчето магнет, од НАСА велат дека има големи шанси да се дознае и траекторијата на другите елементи од метеорскиот дожд, каде истите тие завршиле.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1