Земјиниот сателит има нов кратер на својата површина, благодарение на мереорот кој удри во Месечината на 17 март и ја произведе најголемата експлозија која научниците некогаш ја виделе, откако почнале да ја набљудуваат.
Експлозијата која ја предизвика ударот била видлива за секој кој ја гледал Месечината, дури и со голо око, велат научниците од НАСА.
Метеорот се забил на површината на Месечината со брзина од 90 километри на час и создал кратер широк речиси 200 метри.
„Метеорот експлодирал со блесок речиси 10 пати посветол од се што досега сме виделе“, изјавил Бил Кукод НАСА.