Метеоролозите најавуваат апокалипса: “Страшните катастрофи ќе станат наше секојдневие”


Ова лето бевме сведоци на зачестени дождови и страшни поплави. Таквите катастрофи наскоро би можеле да ни станат секојдневие, тврдат метеоролозите.

Зачестени воздушни турбуленции, урагани, се повеќе топлотни бранови – ова не очекува во иднина, пренесува хрватски Dnevnik.

grom-umbrella-man-1Сето ова било изнесено на меѓународната конференција на која се состанале светските климатски експерти. Пет дена ги анализирале промените на времето од минатите години и се обиделе да проценат какви може да бидат последиците.

Земјата од година во година се повеќе се загрева. Само во првата деценија од 21. век, просечната температура пораснала за 0,47 степени Целзиусови. Тоа значи и поголемо испарување на водата во атмосферата. Со оглед на тоа дека испарувањето предизвикува воздушни струења во атмосферата, се предвидуваат забрзани метеоролошки промени.

“Облаците почесто и побрзо ќе се формираат и дождовите ќе бидат пообилни, што ќе резултира со неочекувани поплави”, предупредил Сајмон Венг од Универзитетот во Јута. Бранови од поларен студ, како оние кои минатата зима зафатија голем дел од Северна Америка, па така и сушите, ќе бидат се почести.

Затоа животот во градовите треба да се прилагоди на новата климатска реалност. На петдневната конференција во Монтреал се одржувале специјализирани седници за топлотните бранови и сушите, поларните студови, обилните дождови, торнадата и тропските циклони. Се разговарало и за влијанието на климата на енергетските и транспортните состави.

Tocka.com.mk

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1