Детали за двојното убиство во Охрид: Уапсен еден од напаѓачите


Двајца напаѓачи упаднале и после жестока  вербална расправија со огнено оружје го убиле сопственикот на ресторанот  56 годишниот  Васил  Ристески, кој  воедно беше  претседател на демохристијанска партија во Охрид и кандидат за градоначалник  на последните избори. Убиен е и неговиот пријател од  Лескоец 38 годишен Ромео Ѓузлески, кој бил во ресторанот, пренесува Канал 5.

ohrid-500Според првичните неофицијални информации напаѓачите  имале нерасчистени должничко доверителски односи со сега убиените. Давање односно земање пари на заем со високи камати за што и претходно имале недоразбирања.

Денеска пред кафеаната “Император” сместена  на излезот од Охрид кон Лескоец беше мирно. Соседите за Канал 5 видно потресени раскажуваа за настанот.

– Утрово слушнав за убиството. Катастрофа. Треба поригорозни казни, велат од соседните дуќани.

– Ги познававте ли убиените?  Да комшии тука ги знаевме. Многу фини луѓе. Ова е ужас, вели една соседка.

– Потресени сме ова е ужас, велат жителите.

После убиството напаѓачите веднаш се вдале во бегство. Утрово еден од нив е уапсен, а по вториот се уште трага полицијата, јавува Канал 5.

Повеќе детали  од немилиот настан  се очекуваат во текот на денешниот ден.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1